Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење

Две Словенки денеска го почнале својот маратон во плетење, со што сакаат да се впишат во Гинисовата книга на рекорди.

Анита Кац и Јадранка Смиљич од Словењ Градец во северна Словенија, имаат намера да го урнат досегашниот светски рекорд во непрекинато плетење што изнесува 24 часа. Нивната цел се 30 часа и да употребат најмалку осум килограми волна.

Вештите жени најавија дека ќе плетат облека за деца, но и општинскиот грб на Словењ Градец.

Според прописите Гинис, натпреварувачките имаат право на секој час плетење имаат право на пет минути пауза, а натпреварувањето се снима и сè тоа го следи екипа од триесетина луѓе.

Треба да знаете
Последни објави