Принцот Хари и Меган Маркл ја зајакнуваат безбедноста околу нивниот дом

Меган и Хари сакаат да ја задржат љубопитната јавност надвор од нивниот дом во Канада, со низа екстремни мерки како на пример сигурносни камери и ограда долж целиот имот, пишува американскиот таблоид TMZ, објавувајќи неколку фотографии од нивната куќа.

ТMZ дојде до фотографии од новите безбедносни мерки кои војводата и војвотката од Сасекс ги инсталирале неодамна со цел да се одбранат од љубопитните папараци и останати кои сакаат да погледнат во нивниот приватен живот, во нивната вила на островот Ванкувер.

„Ваквите мерки се само уште еден знак дека Мег и Хар не сакаат да бидат во центарот на вниманието по таканаречениот мегзит и ќе сторат речиси се за да ги одвратат луѓето… вклучувајќи ги и досадните фоторепортери. А Меган веќе се закани дека ќе тужи медиуми поради употреба на фотографии на кои таа и Арчи шетаат во канадската шума,“ пишува TMZ.

Таблоидот потсетува дека таа тогаш била на државно земјиште, не на приватен имот, и затоа нема основ за тужба.

Веднаш по нивната одлука да ги напуштат кралските должности и да живеат според „сопствени правила“ како и да бидат финансиски самостојни, двајцата се преселија во Канада. Странските медиуми тврдат дека Хари и Меган веќе почнале да го живеат својот живот, слободен и надвор од кралските правила.

 

Треба да знаете
Последни објави