Во сириски Идлиб во изминатите две недели, во интензивните напади на терористите, животите ги изгубиле руски и турски специјалци, соопшти руското МНР.
Детали за погибијата на руските и турските војници не се наведени, познато е само дека тоа се случило истовремено со засилената терористичка активност во регионот. Во последните 14 дека се забележани повеќе илјади напади.
„Во средината на јануари руските и турските војници по којзнае кој пат се обидоа да воспостават примирје во зоната на деескалација во Идлиб, меѓутоа терористите не само што не ги намалија своите воени активности туку и се зголеми бројот на напади“, потврдија претставници на руското МНР.
Во нивното соопштение исто така се додава дека досега загинале и стотина сириски војници и цивили, како и дека не престануваат нападите на руската водухопловна база „Хмејмим“ со беспилотни летала.