Арнолд Шварценегер претрпе две операции на срцето во период од две години.
Но, поранешниот гувернер на Калифорнија се чини дека е во подобра форма од кога и да е, бидејќи тој не се откажува од својата фитнес рутина.
Во понеделникот, облечен во маскирна јакна, „терминаторот“ уживаше во попладневно возење велосипед со пријател низ неговата елитна населба Брентвуд во Лос Анџелес.

73-годишникот на својата јакна има лепенка со бодибилдинг силуета, најверојатно негова сопствена, коментираат таблоидите.



