Во мала, домашна, фарма за свињи во грчкиот град Серес вчера беше откриен прв случај на африканска свинска треска, потврдија од Министерството за земјоделство и храна на Грција. Тие соопштија дека станува збор за болест на животните и не се пренесува на луѓето и објавија низа мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
Забрана живите свињи да го напуштат делот околу Серес, забрана за изнесување месо, свинско месо и слично од конкретниот регион, се дел од мерките на министерството.
Министерот за земјоделство и храна на Грција Макис Воридис рече дека нема потреба на загриженост, бидејќи станува за болест што не им штети на луѓето, а дополнително ќе се испита како свинската треска пристигнала во Грција/
-Станува збор за болест на животните, не им штети на луѓето, туку само се заканува на добитокот. Ова го кажувам за да не постои некакво недоразбирање или загриженост во однос на здравјето на луѓето, рече Воридис.