Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал призна дека ги поддржува Доминик Тим против Новак Ѓоковиќ на Австралија опен, затоа што ќе го задржеше првото место на светската ранг-листа, доколку Австриецот победеше.
Ѓоковиќ го доби натпреварот за титулата во пет сета, а со тоа го оддалечи Надал од врвот на ВТА.
– За мене беше нормално да претпочитам Тим да победи. Не сакам да бидам лицемер. За мене ќе беше подобро Тим да победеше. Но, искрено, јас спиев совршено нормално во последните денови. Тоа е дел од нашиот спорт и не ми пречи. Новак е особено добар на овој турнир. И во моментот тој е најдобриот тенисер на светот. Така зборуваат бројките. Можам да го поддржам само за новиот голем успех, прокоментира Надал пред неговиот егзибициски натпревар со Роџер Федерер во Јужна Африка.
Шпанецот го коментираше и подобрувањето на перформансите на тенисерите од таканаречената генерација „Некст ген”.
– Има многу добри млади играчи. Во полуфиналето во Австралија имаше еден претставник на „Некстген” – Зверев, затоа што веќе не можеме да го ставаме Тим во оваа група. Тој не е 20 или 21 година, туку 26. Има многу добри играчи на турнејата кои ќе ги имаат своите шанси во наредните месеци, изјави Надал.