Делегација од пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев од петти до осми овој месец е во официјална посета на Романија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, нашата делегација во романскиот Парламент ќе рализира неколку средби, меѓу кои и со Алина Горгиу, потпретседател на Сенатот, Комисијата за надворешна политика и со Групата за соработка Романија – Северна Македонија.
На средбите, како што се наведува, ќе се разговара за развојот на меѓупарламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, процесот на ЕУ интеграциите, како и за можностите за економска и друг вид соработка.