Богдановиќ останува во Сакраменто

Богдан Богдановиќ ќе остане во Сакраменто барем до 1 јули. Српскиот бек, кој ќе биде ограничен слободен агент на крајот на сезоната, нема да биде пуштен да се пресели во друг тим на последниот ден на трансфер прозорецот, објави „Си-Би-Ес Спортс”, додавајќи дека е можно и двете страни да се ракуваат со долго дискутираното продолжување на договорот.

Поранешниот играч на Партизан и Фенербахче е повторно во стартната постава на „кралевите”, откако се користеше како „шести играч” оваа сезона, но сепак стартуваше во последните шест натпревари. Во шесте дуели како носител, Богдановиќ забележува 15,3 поени, 4,0 скока и 1,7 асистенции, а Сакраменто имаскор 4-2.

Минатото лето „кралевите” не успеаја да се договорат за нов договор со Богдановиќ, но од друга страна, тие ризикуваа и го привлекоа Двејн Дедман, кој парафира за 3 сезони и ќе земе вкупно 40 милиони долари. Сепак, тој повеќе не е играч на главниот град на Калифорнија, откако беше испратен во Атланта во замена за Џабари Паркер и Алекс Лен.

Треба да знаете
Последни објави