Судијата што го исклучи Јокиќ застана во одбрана на српскиот интеранционалец

Српскиот кошаркарски интеранционалец Никола Јокиќ е во центарот на вниманието на пошироката спортска јавност, а посебно на следбениците на НБА случувањата откако синоќа го грубо го одтурна Маркиф Морис во завршницата на мечот меѓу Денвер и Мајами, по што беше испратен во соблекувалната. По оваа ни малку поријатна сцена на паркетот многумина се нафрлија на минатогодишниот МВП играч Јокиќ, иако беше испровоциран сом непортски потег од Морис.

Има и такви кои застанаа во одбрана на Јокиќ, а меѓу нив е и судијата кој ја делеше правдата на натпреварот, Кевин Скот.

-По прегледување на снимките, беше досуден втор намерен прекршок на Морис. Тоа беше претерано од негова страна и непотребно на основа на следните критериуми. Прво, сериозниот контакт, а потоа можноста за повреда и последно, тој потег можеше да донесе до голем инцидент на паркетот, е коментарот на судијата кој го исклучи Јокиќ.

Треба да знаете
Последни објави