Северна Македонија е најпребарувана локација на „Гугл“ поврзана со доделувањето на „Оскарите“ што ќе се одржи в недела, 9 февруари во Лос Анџелес.
„Галуп трендс“ на „Твитер“ објави дека Северна Македонија, татковината на „Медена земја“ кој е номиниран до две категории за „Оскар“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите.
Што се однесува до другите најпребарувани зборови и категории за „Оскарите“, состојбата е следна – од номинираните филмови за главната награда најгуглан е јужнокорејскиот „Паразит“. Од номинираните во категориите најдобар актер и актерка најпребарувани се Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо.
Најпребарувано прашање поврзано со Оскарите е „Кога се Оскарите?“, а второ е „За што има добиено Коби Брајант Оскар?“.