Елмас: Треба да си го завршиме победнички нашиот дел од работата и да чекаме расплет во групата

Македонската фудбалска репрезентација в четврток гостува во Ереван, каде против соодветната домашна селекција Ерменија (18 ч.) ќе го одигра претпоследниот натпревар од групата Ј во рамки од мундијалските квалификации во еврозоната за пласман на завршницата од Светското првенство 2022 која ќе се одржи во Катар. Македонија имам теоретски шанси да стигне до второто место и да игра во баражот за пласман на завршницата. „Црвено-жолтите“ мора да ги добијат двата последни меча со Ерменија и со Исланд на 14 ноември во Скопје и да очекува кикс на Романија за на крајот да бидат второпласирани во групата.

Еден од новите лидери на македонската репрезентација Елиф Елмас од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, смета дека репррезентацијата треба да покаже искуство, жар и голема желба за победа против Ерменија.

-Се подготвуваме одлично. Ни недостигаат доста играчи, но не бараме изговор. Ние како и досега одиме во Ерменија да победиме. Иако не зависи се од нас, сепак имаме мала шанса и таа мала шанса ќе ја бркаме до крај. Треба да очекуваме доста борба, треба да бидеме паметни, малку и искусни иако сме млада репрезентација. Треба да покажеме жар на теренот дека сакаме да победиме, бидејќи никогаш ништо не се знае, може и Романија да згреши. Така да сакаме две победи и ние да бидеме тие што ќе одат во баражот. Мислам дека на овие натпревари дека можеме да играме со сите репрезентации, ќе одиме таму и ќе покажеме дека го сакаме тоа второ место повеќе од Ерменија и Романија, истакна Елмас.

Треба да знаете
Последни објави