Најновата облека на модната дизајнерка предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а меѓу позитивните имаше и многу на кои не им се допадна нејзиниот стајлинг.
Во неделата вечер, Викторија Бекам излезе на прошетка облечена во нови модни парчиња за кои фановите не можат да престанат да коментираат.
Поранешната Спајс девојка на себе имаше прекрасна бела кошула во викторијански стил, бел блејзер, црнa пеперутка-машна, и бели панталони од нејзината нова линија „СС20“ (SS20), која што официјално ќе ја промовира следната недела.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира на скалите на својот дом во Лондон со две пријателки, и напиша: „Ангелите на Чарли? Вечерва излегувам облечена во мојата нова колекција VBSS20 која стартува следната недела. Бакнежи В.Б.“

Иако сопственичката на компанијата за убавина доби многу убави, позитивни коментари, неколку нејзини следбеници имаа поинакво мислење за панталоните, кои изгледале прилично долги.
Еден фан напиша: “Ми се допаѓа! Но, може да паднеш со тие пантолони, те молам внимавај!”
Други коментираа: „Твоите панталони се на подот!“ „Како може да оди во нив?“ „Внимавај како газиш!“




