Чави Ернандез беше промовиран во тренер на Барселона пред 25.000 навивачи на шпанскиот гигант на „Камп Ноу“. Пред легендата на Барселона, Чави, со која како играч освои се, е голем предизвик да го врати клубот на победничките патеки. Барселона се соочува со финансиски и резултаски проблеми. Чави е свесен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот клуб, но како вели има план за тоа што треба да се направи и како играчите треба да се постават, однесуваат, ако сакаат и во иднина да бидат дел од овој проект.
-Мислам дека на почетокот е важно да поставиме правила и да бараме повеќе од себеси. После тоа, можеме да зборуваме за вредности, за почит и став, бидејќи ако немаме вредности, немаме тим. Потоа можеме да го погледнеме моделот, како играме, како напаѓаме, како се браниме. На крајот на денот, идејата е иста како онаа на Кројф (Јохан н.з.). Мојот прв дефанзивец е напаѓачот, а мојот прв напаѓач е голманот. Мора да работиме тактички, да притискаме високо и да доминираме со топката, вели Чави.
-Не се работи за тоа да се биде строг, туку да се има правила. Ќе се обидам да им помогнам на играчите, лично и професионално. Знам колку е психолошки напорно да се игра за овој клуб, вели Чави.



