Алијанса за Албанците: Биномот СДСМ-ДУИ апсолутен шампион за скандали

Во табелата на скандали апсолутен шампион е актуелната власт предводена од биномот СДСМ – ДУИ. Скандалите не недостигаа ниту оваа недела,велат од Алијанса за Албанците.

-Прекршувајќи ги сите етички, морални и законски правила, се распишува конкурс за вработување во Општата болница во Струга и потенцијалните кандидати првично се принудени да се појават во експозитурите на ДУИ, а потоа да го полагаат тестот за знаење во просториите на Општина Струга која е предводена од оваа партија, велат од АА.

За ваквите законски прекршувања, Алијансата за Албанците јавно прашува:

– Раководството на болницата за тоа како институцијата нема соодветни услови за правилно   извршување на тестот, но, уште полошо, овозможува политизација на универзалното човеково право – право на вработување;

– Градоначалникот кој  исто така е шеф на огранокот на ДУИ во Струга зошто ја злоупотребува службената положба искористувајќи ја за ниски политички поени дури и во предизборниот период што нè потсетуваат на дивите режими во неодамнешното минато;

Бараме од Министерството за Здравство да го расветли овој случај и да ја извести пошироката јавност за овој невиден скандал во демократските општества.

Неколку пати сме кажале, а пак ќе повториме дека ваквата практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба, велат од Алијанса за Албанците.

Треба да знаете
Последни објави