По вечерашниот состанок во Тетово, претседателот на Беса, Биљал Касами на новинарско прашањето дали сеуште е отворена опцијата за трипартитна предизборна коалиција одговори дека тие се подготвени да разговараат.
-На ова прашање треба да одговори другата страна, оти тие презедоа еден погрешен чекор. Ние како Движење БЕСА не сме превземале таков чекор. Ние продолжуваме со нашите опозициски чекори, но нормално е ние да не постапуваме спротивно на тоа што е барање од опозицискиот гласач. Ние сме спремни како што докажавме да се надминеме себеси и во овој случај, иако мислиме дека превзема погрешен чекор, ние сме спремни и понатаму да седнеме за да разговараме за една евентуална предизборна соработка. Но од овој момент ние како движење БЕСА, приоритет ќе имаме на нашето организирање, платформа и изградба на една опција која ќе биде победничка на следните избори-изјави Касами.