(Видео) Адам Сандлер им се налути на папараците, го фатија додека му правеа педикир

Папараците го фатија во салон за убавина во Лос Анџелес додека ужива во третман на педикир во сина тренирка и куси панталони. Во еден момент тој сфатил дека некој го фотографира, а на неговата реакција многумина се насмеале. Тој мавтал со прстот за да престанат да го фотографираат и судејќи според неговиот израз на лицето, бил непријатно изненаден.

Адам е еден од најдоследните комичари што работат во Холивуд. Неговите претходни дела ги обликуваа 90-тите како златна доба на холивудската комедија и помогнаа во дефинирањето на жанрот. Гледачите не беа толку привлечени од самите приказни, туку од неговите шармантни настапи.

На крајот од 2017 година Сандлер беше четврти на листата на најуспешни холивудски sвезди. Неговиот вкупен хонорар за двата филма на годината „Приказни за семејството Мајровиц“ и „Сенди Векслер“ изнесуваше 50 милиони долари

Треба да знаете
Последни објави