Помпео: Ќе дадеме 100 милиони долари за да и помогнеме на Кина во борбата против коронавирусот

САД се подготвени да издвојат и до 100 милиони долари за да ѝ помогнат на Кина и на другите земји погодени од коронавирусот. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео соопшти дека овој ангажман, покрај стотиците милиони долари великодушно донирани од американскиот приватен сектор, покажува силно американско водство како одговор на епидемијата.

Тој додаде дека оваа помош ќе биде издвоена од постојните фондови – директно и преку мултилатерални организации.

Треба да знаете
Последни објави