СДСМ поттикнува раст на платите, младински додаток од 3000 денари за млади вработени во производство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку бројни мерки во континуитет покажува вистинска грижа за младите во нашата држава.

Во таа насока е носењето на Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, а   се вработени во производствена дејност или се занимаваат со земјоделство.

На овој начин се овозможува подобрување на животниот стандард на младите и се стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

Истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

Законот за младински додаток ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија.

Младинскиот додаток, заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора нови шанси за вработување на младите.

Потврда за сите заложби на СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето  на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%.

Затоа на 12 април, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои овозможуваат младите да ја градат иднината во својата татковина!

Треба да знаете
Последни објави