Инзаги: Интер заслужи да го победи Милан

Тренерот на актуелниот италијански фудбалски првак Интер, Симоне Инзаги не е задоволен од нерешениот резултат на градско дерби со Милан (1:1) во  рамките од 12. коло на Серија А.

– Чашата е полупразна затоа што имавме многу шанси и не реализиравме пенал, па според мене заслуживме повеќе. Ни се спротивстави одлична екипа, која заслужено е на врвот на табелата. Заостануваме во однос на напредокот, но има време да се вратиме на вистинскиот пат. Во последните шест натпревари ремизиравме со Јувентус и Милан, кога веројатно заслуживме да победиме, изјави Инзаги за „ДАЗН”.

Милан има 32 бода и е на второто место во Серија А. Исто толку бодови има и водечкиот Наполи, додека Интер има 25 бодови и на третата позиција.

Треба да знаете
Последни објави