Милевски дополнително ги повика Тотре и Бабунски

Македонските фудбалски репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) кои поради повреди отпаднаа од списокот на селекторот Благоја Милевски на последните два квалифиакциски натпреаври од групата за СП-2022 со Ерменија  на 11. ноември во Ереван  и со Исланд  на 14. ноември во Скопје ќе ги заменат Енур Тотре од редовите на албанскиот лигаш Тирана и Доријан Бабунски од бугарскиот Ботев Враца.

Двајцата добија дополнителни покани пред денешниот страт на подговоките закажан за во 12 часот, во хотел „Хилтон“, со прозивката. Првиот тренинг е попладне од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Фудбалерот на шведски Малме Ракмип има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време отсуствува од терените. Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута на вчерашниот натпреавр за Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

 

Треба да знаете
Последни објави