(Видео) Мобилен телефон експлодираше во рацете на сервисер во Турција

Надзорна камера поставена во мобиларница во Турција, регистрирала момент кога мобилен телефон се запалил во рацете на работникот кој го сервисирал истиот.

Јусуф Гулчимен го држеше телефонот, кој одеднаш се претвори во огнена топка.

Зачудениот работник го фрли уредот на земја и панично истрча зад пултот.

Гулчимен за турските медиуми изјави дека не е сериозно повреден и рече дека се работи за телефон оставен за поправка односно за замена на батеријата.

Треба да знаете
Последни објави