Иран денеска ќе го лансира сателитот Зафар, соопшти иранската Влада, во рамките на програмата за која САД тврдат дека е параван за развој на балистичките ракети.
-Сателитот Зафар денеска ќе биде испратен во орбитата со брзина од 7.400 километри, соопшти иранскиот министер за информации и комуникациски технологии, Мохамад Џавад Азари-Јахроми, пренесе иранската агенција Ириб.
САД стравуваат дека балистичката технологија од долг дострел која се користи за лансирање сателити во орбитата може да се користи и за лансирање на нуклеарни боеви глави, пренесуваат британските медиуми.
Техеран негира дека активностите поврзани со сателитите се параван за развој на балистички ракети, тврдејќи дека никогаш не развивал нуклеарно оружје.