Верстапен триумфираше во Мексико, Хамилтон се одбрани од Перез

Возачот на Ред Бул, Макс  Верстапен е победник на трката за Големата награда на Мексико, пред најголемиот ривал за титулата Луис Хамилтон. Иако Холанѓанецот стартуваше како трет, веќе од првиот свиок излезе како водечки откако ги мина возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Водечкиот Ботас на стартот се обидуваше да го затвори клупскиот олега на втората позиција па на Холанѓанецот му се отвори простор и ја зазема првата позиција која не ја испушти до крај. Ботас на стартот имаше контакт со Даниел Рикиардо, па двајцата имаа пад на позициите.

Верстапен сега има 19 бода предност на четири трки до крајот на овој циклус во Формула 1.

Хамилтон успеа да се избори за второ место, иако беше под константен притисок од Серхио Перез кој оваа трка ја возеше во својата земја, па имаше голем мотив и поддршка. Голем успех за Перес со освојување на третата позиција и тој е првиот Мексиканец во историјата што се искачил на подим во трка што се одражала во Мексико.

Бодови освоија уште Гасли, Леклерк, Сајнц, Фетел, Раиконен, Алонсо и Норис. Ботас заврши на петнаесеттото место.

До крајот на сезоната ќе се вози во Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Треба да знаете
Последни објави