Малолетникот што падна од силос во Куманово правел селфи

На 08.02.2020 во 15,00 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од улица Тодор Велков, било донесено дете со повреди од пад.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14.30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Треба да знаете
Последни објави