Новите дресови не им донесоа среќа, Наполи со бод против Верона

Наполи за првпат сезонава во Серија А не победи на домашен терен на „Диего Армандо Марадона“, а јунаци се играчите на Верона, кои први освоија бод во Неапол.

Се што беше значајно вечерва се случи за пет минути на стартот од мечот, а гостите дури имаа и предност со голот на Џовани Симеоне во 13. минута. За Наполи да избегне прв пораз во Калчото сезонава се погрижи Џовани Ди Лоренцо со погодок во 18. минута и потоа мрежите мируваа до крајот на мечот.

Елиф Елмас играше од 62. минута, но не успеа да помогне Наполи да ја задржи максималната серија на домашен терен. Во финишот на мечот Верона играше со 9 играчи по исклучувањата на Беса во 88. минута и на Калиниќ во последните моменти.

Сега Наполи има пет победи и едно реми на свој терен, или вкупно 10 победи и две нерешени на врвот на табелата со 32 бода.

Фудбалерите на Наполи на денешниот натпревар имаа дресови во чест на Марадона, со ликот на легендарниот Аргентинец. Елиф Елмас и соиграчите со ваква гарнитура, дизајнирана од „Емпорио Армани“ ќе играат и против Интер и Лацио , а дел од средствата собрани од продажбата на овие специјални дресови ќе заминат во добротворни цели.

Во вториот меч што се играше од 18 часот Лацио убедливо со 3:0 ја победи Салернитана.

Треба да знаете
Последни објави