13 мигранти починаа од премрзнување во источниот дел на Турција при обид илегално да ја преминат границата. Тие успеале да ја преминат границата меѓу Иран и Турција, но потоа наишле на снежна бура.
Мигрантите стасале до планината во градот Чалдаран во округот Ван. Поради отежнати временски услови, службите за итни случаи не можеле веднаш да стасаат до мигрантите, соопшти гувернерот на провинцијата Ван Мехмет Емин Билмез.