Граѓаните на дело гледаат што значи враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски. Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже.
Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.
Таа по налог на Мицкоски и Груевски свесно го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади. Тоа е единствена цел на извршителот Мицкоски, државата да се врати во изолација, во режим, да биде надовр од НАТО и ЕУ.
Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО. Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.
Затоа на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики повторно ќе бидат поразени.