За улогата во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, 56-годишниот Бред Пит отиде дома со златна статуетка во категоријата најдобра машка споредна улога. Ова е голем успех за него, бидејќи и покрај неговата кариера што траеше со децении, ова е негов прв Оскар и ја искористи оваа можност да се осврне назад присетувајќи се на своето детство и на почетоците во Холивуд.
Бред Пит во својот говор со емотивен говор откри на кого му ја посветува најважната награда во неговиот живот.
„Ова е за моите деца кои го обоија мојот живот … Ве обожавам!“, кажувајќи ги тие зборови, Бред Пит испратил виртуелен бакнеж до Медокс (18), Пакс (16), Захари (15), Шило (13) и Нокс и Вивиен (11), кои ги доби во брак со Анџелина Џоли.
Пит во говорот се заблагодари на режисерот Квентин Тарантино, како и на Леонардо ди Каприо, на кого Оскарот за главна машка улога му се измолкна од рака.