Екипата македонскиот фудбалски репрезентативец Енес Барди, Леванте е поразена и во 13. коло од шпанската Ла Лига на гостувањето кај Алавес со 2:1. Леванте никако да врзе победничка низа и да на напушти последната позиција во Ла Лигата.
Леванте во чиј редови Барди го одигра целиот натпревар по првото полувреме имаше предност и беше на пат да освои бодови и да го предаде „фенарот“, но во финишот од мечот Алавес се погрижи да не дојде до тоа. Резултаскиот пресврт е направен во последните 13 минути со два погодока на Жоселу. Најпрво играчот на Алавес од пенал израмни, а потоа 91 минута погоди за триумф на Алавес кој со новите три бода собра 13 вкупно, а Леванте остана последнопласира со 6 колку што има и Хетафе кој е и со натпревар помалку.



