Рочиштето за Рекет доцни, лекар го прегледува Боки 13 во притвор

Денешното рочиште за „Рекет“ сè уште не е започнато бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не е донесен од истражниот затвор.

Во судницата е присутен неговиот адвокат Сашко Дукоски како и обвинителката Рускоска и Трајчева.

Судијката Васка Николовска-Масевска чека одговор од Шутка дали ќе го донесат Боки 13, кој во моментот бил на преглед. Јовановски минатата недела се пожали на здравствената состојба и оти боледува од рак на желудник и не може да ги следи судењата.

Треба да знаете
Последни објави