По завршувањето на Оскарите, ѕвездите одат на забави за кои велат дека се поинтересни од самата церемонија на доделување на наградите. Покрај традиционалниот Гувернерски бал, каде што победниците вечераат чекајќи да биде врежана нивната статуетка, своја забава имаат и филмските студија како и списанието „Венити фер“, а има и неколку забави кои имаат хуманитарен карактер.Но забава над забавите е онаа што ја организира Мадона.
Во домот на нејзиниот менаџер Гај Осери, поп-кралицата веќе 13 години по ред подготвува забава само на најголемите sвезди.
„Каде и да погледнете, гледате славна личност. Сите танцуваат, и сите се опијануваат до бесвест. Тоа е една од ретките забави на кои sвездите навистина се радуваат. Ди Каприо зборуваше за годинешната забава на крајот од минатата забав“, изјави еден од гостите за „Њујорк пост“.
Кај поп-кралицата, гостите уживаат во најскапите деликатеси, нема кодекс на облекување, главно правило е „добро да се забавувате“, а забрането е само едно – фотографирање. Тоа е еден од ретките настани кога најголемите sвезди целосно се релаксираат без страв од папараците.
„Минатата година ги посипав гостите, а потоа повраќав надвор од куќата“, рече британскиот актер Сем Клафлин пред неколку години, а Џенифер Лоренс и Еди Редмајн имаат слични искуства. И двајцата, како што рекоа самите, се изнаповраќале во раните утрински часови на оваа забава.
Но, никој нема да се налути на некој гостин ако случајно повраќал на килимот, скршил чаша или уништил нешто. Кога на гостите ќе им здодее хедонизирањето, одат во другото крило на куќата, каде што им се нуди удобен кревет, а потоа, доколку сакаат, појадок по избор.