Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија Миро Церар, не сака да биде дел од идна влада на чие чело би бил Јанез Јанша. Ова Церар го порача преку писмо испретено до раководството на неговата Партија на модерениот центар (СМЦ), јави дописникот на МИА од Љубљана.
„Уште од моето влегување во политиката јас се противев на политиката на Јанез Јанша. Јас секако ги поддржувам напорите на СМЦ да има дијалог со сите партии за да се формира влада со демократски вредности и повисока култура. Во случај Јанез Јанша да формира влада, јас секако не сакам и нема да бидам дел од истата”, напиша Церар во писмото.
Инаку, неговата партија веќе имаше еден состанок со партијата на Јанша за можно формирање нова влада, а следниот е закажан за утре. Според локалните медиуми по писмото на Церар, речиси е невозможно СМЦ да направи коалиција со партијата на Јанша.