Јувентус по двата порази во италијанската фудбалска Серија А од Верона и Сасуоло, им се врати на победите со минимален триумф на домашен терен против Фиорентина (1:0) во рамките од 12. коло. „Старата дама“ до победничкиот гол стигна во судиското продолжение кога во 92 минута мрежата на „виолетовите“ ја затресе Хуан Квадрадо.
Откако во првото полувреме не беше упатен ниту еден удар кон двата гола, во вторто полувреме Јувентус почна да го стега обрачот но вистинските шанси стигнаа на крајот од мечот. По победничк,иот гол, Јувентус во 95 минута имаше уште една шанса за вторпата да ја затресе мрежата на Фиорентина и да дојде до убедлива победа, но Киеза не беше прецизен.
Со трите бодови, Јувентус се искачи на делба од шестото до осмото место со Лацио и Фиорентина, сите три екипи имаат по 18 бодови, но Лацио својот натпревар од 12. коло ќе го игра утре против Салернитана.



