(Видео) Силно невреме беснее низ цела Европа, има загинати и многу повредени

Стотици летови се откажани во Германија, поради силното невреме во северна Европа во кое најмалку едно лице загина, причинета е материјална штета, а десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија поради ветрови со сила на ураган, пренесуваат агенциите.

Во Германија, бурата наречена Сабине, а некаде и Кјара, се движи од запад кон исток на континентот откако ги погоди британските острови, ја зафати Франција и се шири источно кон Полска.

Во Шведска еден човек загина, а друг се бара откако чамецот со кој ловеле риба се превртел на езерото Свенлунга поради силни ветришта, соопшти полицијата.

Метеоролошките служби предупредуваат на високото ниво на морето на бреговите на Данска, Норвешка, Шведска и Финска.

Во Велика Британија, која беше погодена најтешко од ова зимско невреме, воздушниот, железничкиот и поморскиот сообраќај беа нарушени од поројниот дожд и силните удари на ветрот од 130 км на час.

https://twitter.com/i/status/1226603128084140033

Без електрична енергија  останале 92.000 домаќинства, а  реките и потоците се излеале од своите корита.

Во хотелот „Бриџ Хаус“ во Хавик, Шкотска, огромна штета предизвика надојдената вода од дождовите, која однела голем дел од ѕидот.

Треба да знаете
Последни објави