Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 Млади земјоделци. Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања. Директорот на АФПЗРР, Бабовски посочи дека вработените во Агенцијата стојат на располагање за сите потребни информации за поднесувањето на барањата.
„Барателите на оваа поддршка потребно е да креираат електронско барање со податоци за локацијата на инвестицијата и електронски да ги прикачат понудата, деловниот план за предлог инвестицијата и истите на крај да ги испратат по пошта или да ги донесат лично во Агенцијата. Барањата и целата документација може да се најдат на веб страната на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2020,” изјави Бабовски.
Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.
Повеќе информации за повикот на следниот линк: