Македонија ЃП пред своите гледачи ја прекина победничката серија на лидерот Шкупи совладувајќи го во 13. коло со 2:1.Ова е прв пораз за чаирчани по десет меча.
На средбата во Ѓорче Петров ја реши Кристијан Филиповски со погодок во 92-минута, откако во 65-тата Адем од пелан им донесе предност на „лавовите“, а Ѓорѓиевски во 65-израмни на 1-1.
Поразот на Шкупи го искористи Академија Пандев која на гостински терен го совлада Работнички со 3-0 да им се доближи на четири бода во трката за титулата.
Актуелниот првак Шкендија како гостин го доби локалното дерби во Тетово против Ренова (1:0), а со ист резултат на гости во Битола, славеше и Струга против Пелистер.
Идентични победи од 2-1 пред својата публика забежаа Брегалница против Скопје и Тиквеш против Борец.
Резултати и стрелци
Македонија ЃП – Шкупи 2:1 (Адем 65′(п), Филиповски 90’+2 – Ѓоргиевски 71′)
Пелистер – Струга ТЛ 0:1 (Малески 27′)
Ренова – Шкендија 0:1 (Гури 23′)
Работнички – Акандемија Пандев 0:3 (Крстевски 7′, Мирчевски 10′, 45′ од пенал)
Тиквеш – Борец 2:1 (Ивановски 41′(п), Христов 47′ – Љума 25′)
Брегалница – Скопје 2:1 (М. Стојанов 45′, Ѓокиќ 90’+2 – Јашароски 74′ од пенал)
Табела: Шкупи 29 бода, А. Пандев 25, Ренова 22, Бреглница 22, Шкендија 21, Струга ТЛ 19, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Скопје 16, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4.



