Челзи пропушти голема шанса да им побегне на конкурентиоте во трката за врвот во ангалиската фудбалска премиерлигашка конкуренција откако денеска ремизираше на домашен терен со Барнли (1:1). Натпреварот од 11. коло добро почна за „сините“ кои поведоа преку Хаверц во 33 минута, но Барнли не се предаде и во 79 минута израмни преку Видра.
Челзи и со ремиот остана првопласиран со три бода пред Мначестер сити и четири пред Ливерпул, кој својот настпреавр од ова коло ќе го одигра утре на гости кај Вест Хем.
Во другите натпревари, Норич дојде до првата победа сезонава, совладувајќи го тимот на Бренфорд со 2:1. Норман и Пуки во првиот дел погодија, а Хенри во 60. минута само намали за домашниот тим.
Кристал Палас со головите на Заха и Галахер, го совлада тимот на Вулверхемптон со 2:0.



