– Луиџи ди Бјаџо е назначен за нов тренер на СПАЛ. На кормилото на калчолигашот од Ферара доаѓа како замена за Леонардо Семпличи кој доби отказ по низата лоши резултати во Серија А, иако го внесе клубот во Серија А по пауза од 49 години.
Ди Бјаџи потпиша договор со 30 јуни ова лето, а официјалната негова промоција е закажана за утре. СПАЛ ќе биде прв клуб во тренерската кариера на поранешниот селектор на Италија и екс фудбалер на Рома и на Интер.
СПАЛ моментно е последен на табелата во Серија А со само 15 освоени бода од 23 одиграни меча.
Семпличи беше на клупата на СПАЛ од декември во 2014 година кога клубот се натпреваруваше во Серија Ц. Во 2016 година, за првпат по 23 години, го предводеше до Серија Б, а една сезона подоцна и до Серија А.