– Турските сили во Сирија гаѓаа 115, а уништија 101 објект, како одговор на нападот на сириските безбедносни сили, во кој загинаа пет турски војници, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Министерството наведе дека ќе продолжи да одговара на напади врз своите трупи, кои имаат набљудувачка мисија во северозападниот дел на Сирија.
– Уништени се три тенкови, два минофрлача, а погоден е и еден хеликоптер, се додава во соопштението.
Претходно денеска турското Министерство соопшти дека пет турски војници се убиени, а други пет се повредени во ракетен напад врз провинцијата Идлиб извршен од сириските владини сили.