Реновирањето на фудбалскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид кој ќе стане мултифункционален објект не е завршено. Се очекува овој проект да биде готов до крајот на 2022 година. Отворањето е планирано за 14 декември.
Клубот досега инвестираше 700 милиони евра, од кои Реал Мадрид очекува да има огромни приходи. Она што најмногу импресионира е механизмот кој тревата ја претвора во кошаркарски и тениски терени, но и сала за големи концерти, како и одржување на саеми, семинари…
Мадридскиот клуб се надева дека во иднина на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се организираат НБА и НФЛ натпревари.
Во клубот веруваат дека годишно од стадионот ќе се заработуваат дури 150 милиони евра, па ќе требаат само неколку години ова „чудо“ да се исплати.
Се очекува новиот стадион да биде и атрактивна туристичка локација во Мадрид.