Енрике по подолга пауза повика играч од Реал Мадрид во репрезентацијата

По 235 дена пауза, селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике конечно стави играч од Реал Мадрид на списокот со кандидати за составот на државниот тим за мундијалските квалифиакциски натпреаври со Грција и Шведска во Б групата од евро-зоната. Дани Карвахал е повратникот во шпанската репрезентација.

Серхио Рамос беше последниот играч на Реал кој играше за Шпанија на 21 март оваа година. Селекторот на Шпанија, Енрике повторно го повика во селекцијата  и Ансу Фати од Барселона.

– Со Карвахал нема никакво изненадување. Ако не беше повреден, немаше да отсуствува ни од една моја листа која ја објавив во последно време. Многу сум среќен што го имам во тимот, неговото присуство и дава друго ниво на селекцијата – изјави Енрике.

 

Треба да знаете
Последни објави