Трофејниот италијански фудбалски стратег Антониот Конте немаше време за адаптација и многу запознавање со играчите на англискиот премиерлигаш Тотенхем каде седна на клупата во вторникот на местото на Нуно Еспирито Санто, а веќе вчера го имаше и првиот натпревар од 4. коло во групата Г од Конфернециската лига на УЕФА против холандскиот Витесе.Тотенхем му приреди победнички старт на Конте (3:2) но покажа две лица.
-Сакам да се оддолжам за довербата што ми ја укажа Тотенхем. Овој клуб има голем потенцијал. Бев голем ентузијаст за стадионот и новиот тренинг-центар. Не знам дали некој друг клуб во светот имам ваква инфраструктура. Тотенхем врвен клуб, рече Италијанецот.
Конте знае покажал и докажал дека знае како и што треба да се состави шампионски тим. Кога дојде во Јувентус во 2011 година, „старата дама“ беше на седмото место, а на крајот од сезоната го освои Скудетото и создаде тим кој доминираше во Серија А. Во 2017 година го презеде Челзи кога беше на десеттото место во Премиер лигата, а на крајот во клубот ја донесе шампионската титула.
Минатата сезона, Конте во Интер дојде кога Нераѕурите беа на четвртото место во Серија А, а на крајот од сезоната се радуваше на шампионскиот трофеј. Сега голем предизвик ќе му биде Тотенхем .
-Сакам да ја вратам довербата во Тотенхем. Овој клуб има голем потенцијал – е коментарот на Конте.
По 10 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е на деветото место со 15 освоени бодови, дури 10 помалку од лидерот Челзи. Првиот меч како тренер на Тотенхем во Премиер лигата Конте ќе го има на гостувањето кај Евертон.