Одлуката за доделување парична помош на семејствата со опожарени станбени објекти во Општина Шуто Оризари е една од точките за која ќе расправаат членовите на Советот на Град Скопје на денешната 49-та седница. Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да додели парична помош во нето износ од 100.000,00 денари на 3 (три) семејства со целосно опожарени станбени објекти и износ од 50.000,00 денари на 3 (три) семејства со делумно опожарени станбени објекти.
Покрај оваа точка, на денешната седница Советот ќе расправа за поголем број одлуки поврзани со работата со јавните претпријатија и јавните установи во надлежност на Градот, а на оваа седница ќе се расправа и на следниве точки: Одлука за субвенционирање на ЈП депонија Дрисла-Скопје; Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на ЈУ Универзална сала-Скопје; Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈП Комунална хигиена –Скопје; Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП депонија Дрисла-Скопје; Одлука за давање согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот електромобили на ЈП Градски паркинг; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП Лајка -Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП депонија Дрисла- Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈП депонија Дрисла-Скопје за 2020 година, како и Одлуката за давање согласност на Одлуката за измена на цените на услугите во ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци- Скопје.
Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за периодот од 01.01. до 12. 2019 година; Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2020 година; Одлуката за прием во сопственост на едно моторно возило; Одлуката за продажба на недвижен имот-со намена домување; Одлуката за давање соглaсност и право на градење објект; Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за ослободување од плаќање на дел од потрошена вода на корисници кои примаат постојана парична помош; како и Одлуката за давање согласност на Програмата за благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје во 2020 година.