Младиот боксер од Зимбабве, Таураи Земунја, почина во понеделникот како последица од ударите кои ги доби за време на меч кој се одржал изминатиов викенд. Земунја имаше само 24 години, а многумина сега го обвинуваат судијата за смртта на младиот боксер, бидејќи сметаат дека трагедијата можела да се избегне, доколку порано регирал и го пркинел налетото на противникот.
Според љубителите на оваа племенита вештина, новинарите и дел од експертите, судијата требал да ја прекине борбата но не го сторил тоа. Несреќниот боксер во третата рунда добил неколку тешки удари во главата иако останал на нозе бил зашеметен и со намалена можност за реакција. На ваквата состојба во рингот судијата не реагирал, дозволи мечот да продолжи по што Земунја добил уште неколку удари, а од последниот паднал во нокдаун.
На боксерот веднаш му била укажана лекарска помош, потоа бил пренесен во болница каде за жал починал како последица од тешките удари во главата.
-Судиите не мораат да бројат, можат да кажат стоп и другиот боксер мора да застане. Вистинскиот судија би го направил тоа, би ја следел акцијата и не стоел како споменик во рингот пишуваат гневните љубители на боксот.