Легендата на Барселона од неговите фудбалски денови Чави Ернандез (41) изјави дека сака да се врати дома и да биде тренер на каталонскиот клуб, изразувајќи притоа надеж дека ќе биде постигнат договор за тоа со неговиот сегашен тим, катарскиот Ал Сад, јавија денеска британските медиуми.
Чави е тренер на Ал Сад од 2019 година и минатата сезона ја освои шампионска титула, а клубот под негово водство е непоразен во 36 првенствени натпревари во низа.
– Веќе со денови разговарам со Барселона и сè е подготвено. Двата клуба го знаат мојот став и се надевам дека работите набрзо ќе се решат. Сакам да се вратам дома. Враќањето во Барселона би било спектакуларно и возбудливо, изјави Чави.
Раководството на катарскиот тим Ал Сад, според шпанските медиуми се согласило на пријателска разделба. Не ги сака парите кои како отштета од Барселона, бидејќи се доволно богати, но побарале шпанскиот гигант предводен од Чави да им гостува на пријателски меч што раководството на тимот од „Камп Ноу“ веднаш се согласило. Катар идната година ќе биде домаќин на завршницата од СП, па во овој потег смеатат дека ќе им донесе многу повеќе од парите за отштета.
Наскоро се очекува и официјална потврда дека Чави е нов тренер на Барселона. Според шпанските медиуми, се треба да се реши многу брзо.