Актуелниот тренер на шпанскиот Виљареал, Унаи Емери ја отфрли можноста да седне на клупата кај богатиот англиски премиерлигаш Њукасл. Сега прв фаворит за испразнетото место на клупата кај Њукасл е Пауло Фонсека со кого веќе се започнати преговори.
Англискиот тим кој минатиот месец доби нови сопственици, на 17 октомври го отпушти тренерот Стив Брус.
Емери призна дека бил контактиран од страна на претставници на Њукасл и тоа по победата на неговиот Виљареал од 2:0 против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, но ја отфрлил можноста да се пресели во Англија.
–Виљареал е мојот тим и 100 проценти сум му посветен. Искрено, ми годи интересот на тим како Њукасл, но среќен сум во Виљареал и поради тоа во разговорот со Фернандо Роиг му соопштив дека сакам да и понатаму да бидам дел од овој проект. Не е важно колку се крена јавноста на нозе во друга држава поради моето име, вистината е дека јас останувам лојален на Виљареал и на семејството Роиг и ќе продолжам да го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар – изјави Емери.
Проблемите на новите сопственици на Њукасл да ангажираат звучно тренерско продолжуваат. Досега тие добија „корпа“ од Жозе Мурињо, Стивен Џерард, Ерик тен Хаг и Брендан Роџерс.