Сандерс прогласи победа во Њу Хeмпшир: Ова е крајот на Трамп

Левичарскиот сенатор Берни Сандерс прогласи победа на предизборите во Демократската партија во Њу Хемпшир, во тесно водство пред Пит Бутиџиџ.

„Оваа победа е почеток на крајот на Доналд Трамп“ им порача Сандерс на поддржувачите, кои ивикуваа: „Берни ќе го победи Трамп“.

„Без оглед на тоа кој ќе победи, а ние секако се надеваме дека ние ќе победиме, ќе се обединиме и ќе го поразиме најопасниот претседател во модерната историја на оваа земја“ рече Сандерс.

Победата од само една четвртина од демократските гласачи во малата држава покажува дека се уште има поделеност во партијата, во која умерените водат пред прогресивните.

Треба да знаете
Последни објави