Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот , г-дин Илбер Села.
На средбата се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Агенцијата во насока на подобра комуникација и информирање на граѓаните, како и во имплементирање на обврските согласно Законот за употреба на јазици кој е донесен на 14 јануари 2019 година. Директорот на Агенцијата и даде целосна поддршка на министерката во делот на предизвиците со кои се соочува како министерка и изрази подготвеност да даде поддршка во областа во која Агенцијата е надлежна.
„Оваа средба само ја потврди мојата заложба како министерка да соработувам со сите институции во насока да им овозможиме на граѓаните остварување на своите права. Министерството ќе продолжи континуирано и во иднина да ги почитува обврските и со директорот Села да имаме редовна комуникација и средби„ – Рашела Мизрахи.
“Ми беше драго што остварив средба со министерката Мизрахи, која помина во одлична атмосфера, се договороивме да министерството во континуитет го имплементира Законот за употреба на јазици и јас во име на Агенцијата ќе дадам целосна поддршка и помош во комуникацијата со јавноста и тој процес„ – Илбер Села.