Во кошаркарската НБА-лига се одиграа 11 натпревари во кои доминираа домаќините. Српскиот интеранционалец и минатогодишен МВП играч во најсилната лига на светот Никола Јокиќ, иако белескаше не успеа на Денвер да му пружи шанса во продолжение да се избори за триумф кај Мемфис и да ја прекине низата од резултаски неуспеси кои доминираат во последните четири натпревари на кои имаат три порази. Мемфис победи со 108:106, а последниот шут кон кошот за продолжение не го искористи токму Јокиќ, кој пак во текот на натпреаврот за 35 минути поминати на паркетот имаше скор од 34 поени, 11 скокови и пет асистенции, со што беше најистакнат поединец во својот тим. Јокиќ беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања од каде реализира десет од десет. Кај Мемфис најрасположен беше Џексон со 22 поени.
Далас дојде до гостинска победа против Сан Антонио и тоа со само еден поен разлика 108:109. Балканскиот двоец во редовите на Далас, Дончиќ-Марјановиќ одлично функционираше, и заедно уфрли 40 кошеви, а Брансон додаде 31 што беше доволно за триумф на четата на Кид во тексашкото дерби. Словенецот Лука Дончиќ заврши со дабл-дабл од 23 поени, 12 скока. Србинот Бобан Марјановиќ во победата учествуваше со 17 поени и 5 скока. Кај поразените Сан Антонио најефикасен беше Марејсо 23 поени, 9 скока и 8 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Порталнд 107:104, Индијана – Њујорк 111:98, Орландо – Бостон 79:92, Филаделфија – Чикаго 103:98, Вашингтон – Торонто 100:109, Бруклин – Атланта 117:108, Мемфис – Денвер 108:106, Минесота – ЛА Клиперс 115:126, Сан Антонио – Далас 108:109, Голден Стејт – Шарлот 114:92, Сакраменто – Њу Олреанс 122:99.