, побара од пратениците.
Предлогот на Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска побара од пратениците разрешување на техничката министерка за труд, Рашела Мизрахи. Предлогот попладнево стигна во Собранието, а пратениците за разрешувањето на Мизрахи ќе одлучуваат на наредната собраниска седница.
Мизрахи пак во телефонски разговор за „Телма“ вели дека не очекува пратениците да ја разрешат. Тврди не е виновна за ништо.
„Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле , тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во буџетот за 2020 не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка, изјави Мизрахи за Телма.